За нас

За оние кои сакаат да знаат повеќе за нас…

ПАЛЕТА 7 е фирма со докажано долгогодишно искуство на работење како во Македонија, така и надвор од границите на нашата земја. Фирмата се занимава со големопродажба на високо-квалитетни прехрамбени бои за бојадисување на велигденски јајца, како и комплетен велигденски асортиман на производи, за уникатно украсување и декорирање на Велигденската трпеза.

Фирмата ги почнува своите први чекори од 06.11.2000 година. Од тогаш па се до ден денес, континуирано се развиваме и усовршуваме во производството и големопродажбата на високо-квалитетни бои за бојадисување на јајца и широк спектар на други велигденски производи.

На секој производ му се посветува посебно внимание во поглед на начинот на дизајнирање, врвниот квалитет и начин на производство. Сето тоа се должи на имплементираниот HACCP систем за безбедност на храна.

Целта на фирмата Палета 7 е полесно да Ве доближиме и да Ви пренесеме дел од нашето долгогодишно искуство, идеи и новитети кои ги имаме стекнато во текот на нашето постоење со присуството на семинари во интерес за зголемување на нашите идеи и палета на производи за посовремен, побогат и позначаен Велигденски празник и Велигденска трпеза…

И за крај… довербата на клиентите, нивните индивидуални потреби и задоволството од нивната соработка со нас, кај нас е секогаш на прво место!

Со почит, ПАЛЕТА 7

ТРАДИЦИЈА, КВАЛИТЕТ И ДОВЕРБА
ДПТУ ПАЛЕТА 7 дооел
ул. Живко Фирфов бр. 49
1000 Скопје, Македонија
Тел/Факс: +389 2 2793 087
Моб: +389 78 266 585; +389 78 266 585
Е-маил: info@paleta7.com