СВЕТСКИ ДЕН НА ЈАЈЦЕТО
Официјалниот празник на јајцата во светот се одбележува од 1996 година кога било предложено со Виенската конвенција секоја година на вториот петок од октомври да се одбележува денот на јајцето. Целта била да се сврти вниманието на значењето на овој производ која има повеќекратни благодети за организмот.
Јајцата ја имаат главната улога во исхраната на луѓето во светот, во земјите кои се во развој, како и во земјите кои се веќе добро економски развиени. Тие се одличен извор на квалитетен протеин.
Откако е прославен по прв пат, сме виделе најразлични настани кои биле организирани на меѓународно ниво. Секоја година Светскиот ден на јајцето се одбележа вториот петок во октомври.
За да се направи тој ден поиновативен за сите, во минатото имало неколку интересни примери како може да се направи тоа.
Во некои држави биле организирани настани во училиштата и градинките. Целта е едукација на децата за нутриционистичките придобивки на јајцата, преку игри, цртање и забава. Како и организирање на донации, за собирање на парични средства кои подоцна се донираат на настани за помош во борбата против неухранетоста.
Се одржуваат фамилијарни фестивали каде има најразлични активности, забавни игри за целото семејство. На тие настани се вклучени игри со цртање на јајца, предизвици со фрлање на јајца, натпревари за рецепти и готвење, натпревар за пронаоѓање на најдобриот, најбрзиот готвач на омлет, како и музички и забавни програми прилагодени за сите возрасти.
Книги со рецепти кои содржат голем избор на вкусни рецепти каде главна состојка е се разбира јајцето. Како и одржување на нутриционистички семинари за здравствените придобивки на јајцето.
Светскиот ден на јајцето од година на година станува се попознат на глобално ниво, како настан кој промовира забави како и случувања од информативен карактер за сите возрасти, насекаде во светот.