ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ЈАЈЦЕТО

     ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ЈАЈЦЕТО

  • Мајката кокошка го превртува нејзиното јајце околу 50 пати днево, со цел жолчката да не се залепи на лушпата.
  • Просечната кокошка произведува околу 300 јајца годишно. Започнувајќи на возраст од 19 недели, таа останува продуктивна во текот на 12 месеци. Како што старее кокошката, произведува поголеми јајца.
  • Бојата на јајцето не е сврзана по никаков начин со квалитетот или вкусот. Не постои разлика во хранителните состојки на јајцата со различна боја на лушпата.
  • Најголемото јајце кое се појавило во светот имало 5 жолчки. Многу честа појава се јајцата со 2 жолчки. Тие се резултат на многу брза овулација и најчесто се продукција или на многу млади кокошки или на кокошки кои се кон крајот на нивниот продуктивен период.
  • Кина е најголем производител на јајца – околу 160 милјарди годишно. Во САД, 260 милиони кокошки произведуваат околу 65 милјарди јајца годишно.
  • Лушпата на јајцето на својата површина може да има околу 17 000 пори. Преку нив тоа може да добие различна миризба. Затоа, со цел јајцата да останат посвежи е потребно да се чуваат во картон.
  • Ако имате две јајца од кои едното е варено, а другото сурово и сакате да дознаете кое е кое – завртете ги. Ако јајцето се врти лесно, тоа е вареното јајце. Суровото јајце ќе се врти или многу бавно или воопшто нема да се врти.
  • Дали едно јајце е пресно или не, можете да дознаете ако внимателно го пуштите во сад со млака вода. Ако јајцето е свежо веднаш ќе пропадне на дното на садот и ќе остане таму. Јајцето кое плови на површината на водата, најверојатно е расипано. Кај пресно јајце жолчката секогаш е тркалезна и истакната над белката, а белката останува блиску до жолчката.
  • Старите Грци верувале дека светот е создаден од јајцето, кое било снесено од божицата Евринома.

ТРАДИЦИЈА, КВАЛИТЕТ И ДОВЕРБА
ДПТУ ПАЛЕТА 7 дооел
ул. Герника бр. 81
1000 Скопје, Македонија
Тел/Факс: +389 2 2793 087
Моб: +389 78 266 793; +389 78 266 585
Е-маил: info@paleta7.com