ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ВЕЛИГДЕН
Велигден е еден од најголемите христијански празници. Тогаш го славиме воскресението на Исус Христос, кој според преданијата се искупува за гревовите на целото човештво, распнат на крстот.
Светиот обичај на Велигден е најмногу поврзан со бојадисување, размената и кршењето со јајца за здравје. Овој обичај е омилен на сите мали и големи. Но, што не знаеме за Велигден?
Еве некои интересни и малку познати факти за овој празник:
1. Традицијата со Велигденското зајче започнува во САД во 18 век. Се смета дека потеклото на оваа традиција има корени некаде во Европа, но прашањето е контроверзно. Кај нас во последно време Велигденското зајче исто така станува се повеќе популарно.
2. Велигден се празнува во различно време од источните и западните христијани. Причината е дека датумите на Велигден се одредуваат во зависност од календарот, кој се следи – Јулијанскиот или Грегоријанскиот
3. Белиот крин е симбол на воскресението во многу земји во светот.
4. Чоколадните бонбони во форма на јајца за прв пат биле создадени во Северна Америка во времето на граѓанската војна. Овие бонбони биле испраќани на војниците, кои биле далеку од нивните семејства.
5. Традиционалното бојадисување на јајцата се нарекува вапсување. Бојадисувањето своевремено се правело со бои од природни материјали, на пример црвена боја од црвено цвекло. Останатата декорација се нанесувала со жежок јаглен.
6. Латинското име на Велигден – Easter, потекнува од името на англосаксонската божица Eastre која го симболизира почетокот на животот, со што се поврзани јајцата.
7. Размената на јајца за Велигден датира како пролетен обичај во кој јајцата се јавуваат како симбол на реинкарнација и плодноста во многу култури.
8. Во некои од англосаксонските култури каде перекот е традиционален појадок, тој се поврзува со Велигден бидејќи извртеното тесто во средината е потсетник на скрстените раце за молитва.
9. За Американците Велигден е вториот празник по консумирање на слатки по Денот на вештерките.
10. Христијаните вложуваат посебна смисла во велигденските јајца – тие симболизираат радост, веселба, нов живот и воскресение.
11. Велигден е најстариот и најзначаен празник во христијанскиот календар. Тој се празнува три дена по вистинската смрт на Христос.