КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА ВЕЛИГДЕН?

КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА ВЕЛИГДЕН?
Велигден е празник над празниците, центар на православната вера. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта. Велигден и празниците поврзани со него секоја година паѓаат на различен датум. Пред одбележувањето на најголемиот христијански празник, претходи четириесетдневен пост. Постот претходи на Велигден, но на него се надоврзува последната седмица пред Велигден која се нарекува Страсната седмица. Таа почнува од Лазарева сабота и Цветници, кои се врзани празници. Овие два празника всушност се влез во Страсната седмица. За верниците, периодот пред празникот претставува патување исполнето со: покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење.

ЗОШТО Е ВАЖНА ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА ПРЕД ВЕЛИГДЕН?
Затоа што таа е подготовка за дочекување на главниот празник, на Велигден. Последната седмица пред Велигден е специфична и е страдална седмица и затоа се нарекува Страсна или Страдална седмица. Тогаш се интензивираат и службите во православните цркви.

ВЕЛИКИ ПЕТОК ИМА ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРОСЛАВАТА НА ВЕЛИГДЕН.
Велики петок е ден кога под крстот на Христос останале само апостол Јован, Богородица и уште неколку жени. Тоа го сториле мотивирани од љубовта кон Христос. Велики петок е ден кога се исполнува сè по што следува оплакувањето и период на тридневен молк. Од моментот на оплакување следува период на исчекување на воскресението.

ШТО СЛЕДУВА ВО САБОТА?
Со означување на Христосовото воскресение, значајно е да се напомене дека оние кои постеле треба да се причестат. Целта на Христосовото доаѓање на Земјата е да може човека да го издигне на небото. Местото или настанот каде тоа се случува е причестувањето или влегувањето во реална мистична заедница со Бога. Причестувањето најсоодветно е да се прави на бдението вечерно, откако ќе се објави дека е полноќ, 12 часот и откако ќе се заврти три пати околу црквата. Некои луѓе кои не можат да издржат се причестуваат на саботната литургија, а некои на утринската литургија.

Црвеното јајце е симбол на празнувањето на Велигден. Дали бојадисувањето јајца во други бои е соодветен чин?
Црвеното јајце на Велигден е основен и вообичаен симбол кој може да се толкува на разни начини. Се разбира дека е соодветно да се бојадисуваат јајца во разни бои, на што особено се радуваат децата. Боењето и украсувањето на јајцата е одраз на личната креативност, внимание и љубов.

На Велигден се поздравуваме со поздравот “Христос воскресе!”, а возвраќаме со поздравот “Навистина воскресна”.
Овие поздрави се протегаат се до Спасовден и тоа е период на славење. Првата седмица по Велигден, до Томината недела, се нарекува Светла седмица. Специфична е по тоа што според празнувањата е најсветиот период во годината.

ТРАДИЦИЈА, КВАЛИТЕТ И ДОВЕРБА
ДПТУ ПАЛЕТА 7 дооел
ул. Герника бр. 81
1000 Скопје, Македонија
Тел/Факс: +389 2 2793 087
Моб: +389 78 266 793; +389 78 266 585
Е-маил: info@paleta7.com