ЛЕГЕНДА ЗА ВЕЛИГДЕНСКОТО ЗАЈЧЕ
Велигденското зајче е едно од најраспространетите и најпознати симболи на Велигден. Како се родила идејата за зајчето и каква е неговата улога во празникот?
Гласините за Велигденскиот зајак почнуваат уште од Хӏӏӏ век, од регионот на денешна Германија. Таму секоја пролет луѓето изразувале почит на божицата на плодноста Еостра и во нејзина чест организирале раскошни прослави. Легендите кажуваат дека нејзин симбол била убавата птица на нејзината десна рака, која еден ден неочекувано се претворила во див зајак. Но бидејќи зајакот останал со душа на птица, тој продолжил да прави гнезда и да ги полни со шарени јајца.
Некои ќе прашаат “Зошто токму зајак”? Малкумина знаат дека всушност зајакот е симбол на плодноста, благосостојбата и просперитетот. Секоја пролет зајчињата го зголемуваат семејството, раѓајќи неколку мали зајчиња, а периодот на размножување им продолжува до септември. Затоа зајаците се претвориле во симбол на новиот живот, исто како и пролетта.
Подоцна, околу ХVӏӏӏ век, германските емигранти ја пренесле приказната за Велигденскиот зајак во Пенсилванија, САД. Набргу потоа низ сите континенти се рашири легендата за дивиот зајак, кој снесува шарени јајца, кога ќе се запролети. Неколку часови пред Христосовото воскресение тој ги обиколува домовите на христијанските верници и ги става шарените јајца во претходно украсени и подготвени гнезда од децата. Со тек на време ликот на Велигденскиот зајак се претворил во еден од симболите на Христосовото воскресение.
КАДЕ ЖИВЕЕ ВЕЛИГДЕНСКИОТ ЗАЈАК?
Според некои легенди локацијата на неговото живеалиште е неразјаснета тајна. Се знае само дека зајакот живее во длабока дупка под земјата, каде што никој не може да го открие. Таму тој ги чува резервите на шарените јајца, чоколадни бомбони и други слатки задоволства за децата.
Според други преданија, Велигденскиот зајак живее во близина на Велигденските острови, а до неговиот дома води тајна патека, до која се стигнува тешко бидејќи личи на лавиринт. Зајакот го избрал токму ова место бидејќи се чувствувал безбеден и заштитен од луѓето и на сигурно го чувал “богатството” кое го собрал за децата во текот на целата година.
ВЕЛИГДЕНСКО ЗАЈЧЕ ДЕНЕС
Постепено сите деца научиле дека Велигденското зајче не постои, но сепак традицијата делумно е зачувана и денес. Денес родителите се уште им раскажуваат на децата дека ако бидат послушни и добри во текот на целата година, Велигденското зајче ќе им донесе шарени јајца, чоколадни јајца. Слатки задоволства, играчки, нова облека и нови чевли.
Иако многумина го негираат Велигденското зајче, бидејќи е пагански симбол, сепак тоа е еден од начините да го направиме Велигден по весел и по радосен празник за децата.