ВНИМАВАЈТЕ НА ЖОЛТО – ЗЕЛЕНАТА БОЈА КАЈ ВАРЕНИТЕ ЈАЈЦА
Дали сте се запрашале зошто, многу често под лушпата на велигденските јајца се гледа жолто – зелено обојување? Тоа може да се види не само кај велигденските јајца, туку и кај секое јајце кое долго време се вари. Појавата на жолто – зеленото обојување е резултат на хемиската реакција која настанува меѓу сулфуроводородот што е продукт на разложување на белковините со железото на клетката. Jајце на кое ќе забележите вакво обојување не е препорачливо да се јаде.
Самото јајце умее да се штити од навлегување на бактерии во неговата внатрешност. Како прво, на површината од лушпата на јајцето има една тенка антибактериска обвивка која претставува многу тенок слој од слуз и оневозможува навлегување на бактерии во внатрешноста на јајцето. Токму затоа јајцата, наменети за подолготрајно чување не смеат да се мијат.
Запомнете дека рокот на чување на јајца во ладилник изнесува околу 30 дена, додека на собна температура, не повеќе од 12 дена. Белката од јајце може слободно да се замрзне и по одмрзнувањето, таа не ги губи своите својства.