Старински начин на фарбање велигденски јајца

Старински начин на фарбање велигденски јајца

starinski-nacin-za-bojadisuvanje-jajca-1

Покрај многубројните нови техники и методи за фарбање на велигденските јајаца, голем број на домаќинки и понатаму јајцата ги фарбаат со кромид.

Потребни се лушпи од кромид, вода, оцет и јајца.

Постапка:
Ставете ги јајцата на собна температура да се аклиматизираат. Се ставаат лушпите од кромидот во еден сад во кој што мислите да ги варите и јајцата, ставете ги во истиот сад веќе убаво измиените јајца и налејте вода убаво да ги прекрие јајцата. Ставете да се вари на тивок оган. Откако ќе се стопли водата се додава лажица до две оцет (по можност домашен вински). Јајцата се варат на тивок оган и остануваат во садот заедно со лушпите се додека да добијат прекрасна портокалова боја. Кога јајцата ќе ја добијат бојата која ја сакате, извадете ги на салфетка да се исушат.

Памачкајте ги со зејтин за да добијат блескав сјај.

Мала слатка тајна од искусните мајстори:
Десеттина минути пред да ги извадите јајцата од садот, во друг сад растворете една до две кесички на црвена боја од Палета 7 боите и додадете ја во садот со јајца и лушпи од кромид, оставете ги така уште десетина минути и ке добиете уникатни шарени велигденски јајца.

ТРАДИЦИЈА, КВАЛИТЕТ И ДОВЕРБА
ДПТУ ПАЛЕТА 7 дооел
ул. Герника бр. 81
1000 Скопје, Македонија
Тел/Факс: +389 2 2793 087
Моб: +389 78 266 793; +389 78 266 585
Е-маил: info@paleta7.com