ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО ВЕШТО ОБОЕНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО ВЕШТО ОБОЕНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА

cekor po cekor1

ПРВ ЧЕКОР:  ИЗБОР НА ЈАЈЦА ЗА БОЈАДИСУВАЊЕ

Многу е битно да знаеме кога и како да избереме и купиме свежи јајца, затоа еве неколку мали слатки тајни:

Првото нешто што треба да го размислиме е:

  1. Во каква боја ке ги бојадисам оваа година Моите Велигденски Јајца?

– Доколку се одлучите Велигденските јајца да ги обоите во една боја, а тоа е традиционалната Црвена боја, потребно е свежите јајца да ги изберете или купите со темна (жолта) кора; Во случај свежите јајца да се домашни ги сортирате на потемни и посветли. Потемните ги користите за обојување со Црвената боја, а посветлите ги користите за потребите на домаќинството.

– Доколку се одлучите Велигденските јајца да бидат во повеќе бои, во тој случај ќе ви бидат потребни и светли (бели) јајца и темни (жолти) јајца. Ако свежите јајца се домашни, ги сортирате (на потемни и посветли) бидејки светлите (белите) јајца се за посветлите нијанси на бои, а додека темните (жолти) јајца се за потемните нијанси на бои.

Во наредните неколку чекори ќе појасниме која Велигденска боја на какви јајца се нанесува.

  1. Колку Велигденски Јајца ми се потребни или сакам да обојам?

Во просек една домаќинка обојува од 30 до 90 Велигденски јајца.

Традицијата вели: Првите Три Црвени Велигденски Јајца се обојуваат во раните утрински часови пред изгрејсонце; Па од тука и минималниот број на јајца би требало да бидат најмалку 30 јајца, но доколку имате големо семејство, голем круг на пријатели или пак сте полни со разни уметнички идеи, најпожелно би било тоа да бидат 3 х 30 = 90 свежи јајца.

Но секако најбитна и најверодостојна е вашата потреба и замисла… 🙂

  1. Кога да ги купам или соберам свежите јајца? 

За најубаво да ни се обојат Велигденските јајца, пожелно да ги обезбедиме  најмалку една недела до десет дена пред да се обојуваат. Малата тајна е во тоа што кората од јајцето во текот на таа недела преживува одредено испостување и зреење, и маснотијата од кората од јајцето може да излезе и до 70%. Со тоа и кората на јајцето многу полесно и поубаво ја прима избраната боја, но и шансите да ви испукаат јајцата при самото варење се многу мали.

ТРАДИЦИЈА, КВАЛИТЕТ И ДОВЕРБА
ДПТУ ПАЛЕТА 7 дооел
ул. Герника бр. 81
1000 Скопје, Македонија
Тел/Факс: +389 2 2793 087
Моб: +389 78 266 793; +389 78 266 585
Е-маил: info@paleta7.com