7 НЕДЕЛИ ПРЕД ВЕЛИГДЕН – ВЕЛИКИ ПОКЛАДИ – ПРОЧКА

7 НЕДЕЛИ ПРЕД ВЕЛИГДЕН – ВЕЛИКИ ПОКЛАДИ – ПРОЧКА

прочка

Овој празник доаѓа по неколкуте големи зимски празници и ги поврзува големиот број пролетни празници. Кога станува збор за празникот Прочка, не смеат да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка, во саботата е задушница. Неделата пред Прочка се вика МЕСОПУСНА, а некои ја викаат месни поклади, затоа што на тие денови се запокладува (запостува) со месни производи. Оваа седмица од месни поклади до Прочка се вика СИРНА НЕДЕЛА поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Сирни поклади се совпаѓа со Прочка, од кога започнува да не се јадат млечни производи и започнуваат големите СЕДУМ НЕДЕЛНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПОСТИ, што траат до ВЕЛИГДЕН.

Се верува дека на овој ден  и небото и земјата си проштеваат, па тоа треба да го сторат и луѓето, и притоа секогаш помалиот бара прочка од постариот. На Прочка се изведуваат и други обичаи како што се ‘‘амкањето‘‘ , обредните огнови, богатата трпеза, обичаите за очистување од болви и други штетници. Очигледно е дека некои обичаи имаат христијанска основа, додека другите се поврзани со паганските празнувања.

Чист понеделник е првиот ден од ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПОСТИ. Исто така првата недела од овој пост се вика ПРВОПОСНА или ЧИСТА, а целиот пост се вика ВЕЛИКИ ПОСТИ.

7 Недели пред Велигден2

ТРАДИЦИЈА, КВАЛИТЕТ И ДОВЕРБА
ДПТУ ПАЛЕТА 7 дооел
ул. Герника бр. 81
1000 Скопје, Македонија
Тел/Факс: +389 2 2793 087
Моб: +389 78 266 793; +389 78 266 585
Е-маил: info@paleta7.com